ВМРО-ДПМНЕ: На криминалот на ДУИ и СДС нема крај, испумпани нови 2.4 милиони евра, за косење на трева и сечење на дрвја

„Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од 2.4 милиони евра.

Во исто време, кога нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично“ се наоѓаат пари за косење на трева и сечење на дрвја, во износ од над 2 милиони евра, а притоа власта нема направено ни еден километар автопат во државата.“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

-На граѓаните веќе им е јасна шемата на владата, со која преку државното претпријатие ЈПДП, поради бизнис интереси, се соголува Македонија, преку надзори од 22 милиони евра, а сега и со дополнителни 2.4 милиони евра.

Додека Ковачевски се фали по маркети, за замрзнати цени на производи кои чинат помалку за 2 или 1 денар, на големо е одмрзната корупцијата и криминалите на ДУИ и СДС, впрочем и затоа кога одат по маркетите, добиваат лекции од народот.-додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 
29.03.2023 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега