ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Спасовски ја користат полицијата за партиски цели наместо за обезбедување на граѓаните

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта ја користи полицијата само за партиски цели на СДСМ, наместо за обезбедување на граѓаните.

-СДСМ, Ковачевски и Спасовски секојдневно го допираат дното во секој поглед. Класичен пример за допрено дно во безбедносен систем е ставањето на МВР во улога на партиска полиција. Срамно е кога секојдневно има по десетици дојави за бомби низ институции и објекти, СДСМ да ги користи ресурсите на полицијата за своите партиски настани цели 24 часа однапред. Додека по цели денови се необезбедени училишта, градинки, трговски центри и многу други институции каде што учат деца и се движат граѓани, СДСМ полицијата ја користи за партиски активности, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, несериозноста на власта е причина зошто граѓаните не се чувствуваат безбедно.

-На СДСМ, Ковачевски и Спасовски, заедно со своите партиски послушници во МВР, поважна им е безбедноста на партиските настани, отколку безбедноста на граѓаните. Несериозноста на оваа неспособна власт  ги доведе граѓаните да не се чувствуваат безбедно во својата држава. Оваа Влада е најнеспособната власт во историјата на Република Македонија со најмногу скандали кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, се вели во дописот од најголемата опозициска партија.

 

16.12.2022 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега