Сообраќајка кај Радовиш: Загинаа 2 лица, една жена е повредена

На 03.05.2024 во 18.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4, на  излез од Радовиш кон Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Л.(27) од Радовиш и патничко возило „опел“ со пробни регистарски таблички, управувано од Ж.Г.(49) од Радовиш, соопшти полицијата.

На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а смрт констатирал лекар од Здравен дом Радовиш, додека Ј.Г.(41), сопатничка од возилото „опел“ се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Радовиш.

04.05.2024 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега