ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот?

Ќе се извини ли МВР и Спасовски што направи јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако уапсениот осомничен за испраќање на мејловите до скопските училишта за закани за бомби, беше пуштен на слобода.

„Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот?
Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби?“, прашуваат од опозициската партија во реакција испратена до медиумите.

03.11.2022 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега