(ВИДЕО) Стоилковски решението со блокадите во Скопје го гледа во оставката на Арсовска

Смачена им е на скопјани. Данела Арсовска покажа целосна неспособност да управува со Скопје, покажа целосен недостаток на слух за проблемите, и со својата лукративност предизвика хаос во Скопје, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика целосен колапс на македонската метропола.Градоначалник на Скопје не смее да бега од скопјани и медиуми, не смее да не се обиде да ги надмине проблемите, и уште повеќе не смее да биде главна причина за хаос во градот!

Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика колапс во Скопје.

Ниедна провизија и тајна коалиција не чини повеќе од девастацијата на животот во Скопје!

Владата мора да ја напушти монструозната креација, коалицијата на Ковачевски и Арсовска за бугарските бизнис и политички интереси“, изјави Стоилковски.

„Нема одговор за набавката на бугарските автобуси кои според нашите сознанија го турка коалицијата Тачела.

Бараме владата да и ги одземе ингеренциите на Данела Арсовска за јавниот превоз, но и да го реши проблемот со исплатата на долгот од еден и пол милион евра, да ги обештети приватните превозници коишто протестираат и тие да се вратат на дејноста.Со одземањето на ингеренциите, бараме да се провери и можната улога на Драги Митковски во управувањето со ЈСП, како и ревизија на договорот за набавка на гориво за ЈСП со невообичаени високи цени, склучен со фирма на пратеник од владејачкото мнозинство“, додава Стоилковски.

08.12.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега