(ВИДЕО) Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ сака уставна криза, тоа СДСМ нема да го дозволи

„Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е ништо друго, освен обид за прикривање на нивната вистинска намера, а тоа е да се предизвика уставна криза во државата“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.„Јас како претседателката на Комисијата го известив претседателот на Собранието дека за двајца предложени кандидати за уставни судии телото веќе со мнозинство гласови има изгласано двајца кандидати за уставни судии и дека тие може да продолжат во понатамошна постапка“, рече Георгиевска.

Таа напомена дека „во Комисијата се води дискусија или расправа за секого поединечно и исто така за секој предлог посебно се гласа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолжуваат изборот на уставните судии, што е само доказ дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што постојано го прават, кочење, блокирање и поттикнување каква било криза“.

19.10.2022 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега