Стојковски: Новиот закон за здруженија ќе биде протолкуван како провокација за Бугарија

Андреа Стојковски од Преспа институт во емисијата 24 анализа истакна дека во Централниот регистар здруженијата поднесуваат прорама која е бенигна во својот опис. Документот не значи дека тоа е целата програма и само една страница да се стави, регистарот тоа ќе го прифати.

- Не постои правна можност за името да се расправа. Дилемата била околу тоа дали одбивањето на регистрација, ќе биде протолкувана како провокација од страна на Бугарија и ќе направи проблем во процесот на пристапувањето. Сега со целата дебата со сите протести, повторно ќе се доведеме во ситуација да имаме сопки, зошто и новиот закон за здруженија ќе биде протолкуван како провокација, изјави Стојковски.

19.10.2022 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега