Со истрели од воздушна пушка го повредил кучето на соседот во светиниколско

 

Маж од светиниколско пријавил во полиција дека неговиот сосед со истрели од воздушна пушка му го повредил кучето.

Според пријавеното, вчера во Полициската станица Свети Николе, К.С.(29) од с.Горно Црнилиште, светиниколско, пријавил дека околу 07.40 часот покрај чешмата во с.Горно Црнилиште неговиот сосед И.Т. со два истрели од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче.

Извршен бил увид на местото и по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега