Се превртел со автомобилот- скопјанец повреден и префрлен во болница

 

Млад скопјанец повреден и пренесен во болница откако претходно изгубил контрола над возилото и се превртел.

„На 06.09.2020 околу 20.00 часот на автопатот А1 Удово – Демир Капија, во тунелот Т2, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(24) од Скопје, се превртелo, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Неготино“ известуваат од полиција.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега