СДСМ: За една година се покажа, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се крајно неспособни

Една година беше доволна за на површина да исплива сета неспсобност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа во соопштението од СДСМ.

СДСМ обвини дека немало ниту еден нов проект, а исто така биле прекинати и наследени проекти.

„Трошење народни пари на вработувања и непродуктивни трошоци, тоа правеа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од мандатот. Во време на криза, наместо помош за граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ преку своите советници и директори на јавните претпријатија дополнително удираат по џебот на граѓаните зголемувајќи ги цените на комуналните услуги. Една година општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат наместо да се развиваат. ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници докажува дека е непроменета партија, дека не и се битни интересите на граѓаните туку единствено партиските и личните бизнис интереси на одредени групи. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните“, порачаа од СДСМ.

21.10.2022 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега