СДСМ: Наместо бесплатен јавен превоз, за првпат во историјата Скопје остана без превоз, крив е Мицкоски

Според СДСМ, шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ за една година го уништија Скопје.

За една година, како што истакнуваат од партијата на власт, тие го доведоа градот во хаос, се изживуваат врз граѓаните.

„Наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз. Скопјани повеќе од една недела не можат непречено да се движат низ блокирниот град. За една година не само што нема никакви нови проекти, туку Град Скопје не може да ги обезбеди ниту основните функции. Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други градски претпријатија.
ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија“, се подвлекува во соопштението од владејачката партија.

Според СДСМ, одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Христијан Мицоски и на ВМРО-ДПМНЕ, поважни им се бизнис интересите, тендерите и провизиите, отколку решавање на хаосот што го создадоа“, се додава во соопштението од страна на СДСМ.

12.12.2022 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега