Димески: Левица ќе направи сè да се институцијализираат барањата на бранителите


Носителот на листата со кандидати на Левица за ИЕ6  Игор Димески денеска имаше средба со бранителите од 2001 година.

-Левица ќе направи сè да се институцијализираат барањата на бранителите, и дека потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов. Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања, изјави Игор Димески.

Средбата се одржа во населбата Два Бреста - Тетово, во паркот кај споменикот на Иљо Антевски-Смок.

03.05.2024 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега