СДСМ: На Мицкоски не му е гајле за граѓаните, само тендерите му се во глава

 

Христијан Мицкоски деновиве тврди дека бил загрижен, за кризата и нејзините последици врз граѓаните и стопанството, а од друга страна внатре во ВМРО-ДПМНЕ се кара за тендери и провизии, велат од владејачката СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ сами се фатиле во криминал за тендер од 136 милиони евра и за провизии и со никакви фабрикувани лаги и конструкции, ниту со лажна загриженост за кризата, тоа не можат да го прикријат.

„Мицкоски има шанса да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза, со своите бизниси со хидроцентрали, кои што се потврдени и официјални документи од институции. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?“, се истакнува во реакцијата од СДСМ.

Според нив тоа е затоа што на Мицкоски паметот му е во тендерите, не му е гајле за граѓаните.

06.10.2022 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега