СДСМ: Медарите од ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа колапс на ЈСП и хаос во Скопје

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс во Јавното сообраќајно претпријатие и за првпат го остави главниот град без јавен превоз, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачаа дека за само една година бил зголемен долгот на ЈСП за еден милион евра, а вработените останале без плата.

„Тендери, раце во мед, контрола врз финансиите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е причината за хаосот со кој се соочува Скопје. Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат отчетност и одговорност за хаосот што го предизвикаа во ЈСП и во Град Скопје. Наместо решенија и проекти, јавноста со месеци гледа дневна политика и препукување меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за тоа чии раце биле фатени во медот. Скопјани не заслужуваат таква градска власт“, велат од СДСМ.

21.10.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега