СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПНЕ се најнеспособни, денеска ќе имаат панаѓур

 

„Една година помина од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните освен партизација на локалните администрации и расипничко трошење на општинските буџети, ништо друго не видоа. Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски таканаречен саем ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“. Оваа порака ја испраќаат од владејчката СДСМ по повод една година владеење на градоначалниците на опозициската партија.
 
„Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните кои ги гласале, туку за интересите на нивниот шеф Мицкоски. 
 
Една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација, неработење и задолжување на општините. 
 
Градоанчалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалници а во таа неспсособност предничи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска“, се вели во реакцијата на СДСМ доставена до медиумите. 
05.11.2022 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега