Почина млад скопјанец, му се слошило додека седел со колега

Денес во 02.16 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат А.Т.(39) од Скопје. Според пријавеното, тој претходно седел со неговиот колега Т.М.(54) од Скопје на подрачје на Лисиче и му се слошило, по што побарал од колегата да го однесе дома.

Како што е пријавено, Т.М. застанал на пункт на Итна медицинска помош, од каде бил упатен кон Градската општа болница „8 Септември“, но на пат кон болницата А.Т. починал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

22.03.2024 - 16:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега