Пленковиќ: Нема да биде добро да се доведете во позиција да ви кажат дека го забавувате процесот на преговори

 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, посочи дека Македонија треба да се приклучи кон побрзата динамика за пристапниот процес во Европската Унија. Пленковиќ посочи дека со влезот во ЕУ ќе се заштити македонскиот идентитет.

„Нема да биде добро земјата да се доведе во позиција другите да и кажат дека таа го забавува процесот. Знам колку нам ни значеше пристапувањето кон ЕУ, колку е поразвиена, колку средства има на располагање, инвестициите… Вие како земја и народ, со влезот во ЕУ ќе го заштитите идентитетот. Затоа е политички мудро да најдете пат со кој сите ќе се сложите“, кажа Пленковиќ.

Според него, Хрватска ја разбира Македонија.

„Знаеме дека одлуките кои моравте да ги донесете ниту беа едноставни, ниту беа лесни. Испадна дека секогаш постои уште некој предуслов. И затоа во овој поширок контекст, велам, а ова треба да го разберете добро: Ако Украина доби кандидатски статус, ако тоа го доби Молдавија или ако го доби Грузија, ако Босна и Херцеговина доби кандидатски статус, ако Косово аплицираше, Србија и Црна Гора преговараат – тогаш сега е моментот. Во тој контекст и Северна Македонија штитејќи го својот национален интерес и идентитет, како и јазик, да се вклучи на начин со кој ќе се зголеми динамиката. Моментот треба да се искористи“, додаде Пленковиќ.

05.04.2023 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега