Петрушевски: Власта со затворена седница на комисијата за одбрана и безбедност сака да избега од одговорноста за пропустите во институциите

 

Секој ден имаме дојави за бомби и тоа не натера да побараме седница на комисијата за одбрана и безбедност.  Сметаме дека власта сака да избега од одговорноста која мора да ја сносат за сите пропусти во министерството и институциите кои се раководени од нивни кадри, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за Тема на денот на Сител, во врска со тоа што Оливер Спасовски на затворена седница го даде извештајот за мерките и активностите кои МВР ги презело во врска со лажните дојави за бомби, како и дека класифицирањето за државна тајна.

- Долг временски период се тероризира јавноста со лажните дојави за бомби, се удира на најмалите каде сите се најсензитивни, почнаа во јавноста многу шпекулации да излегуваат кои внесуваат дополнителна паника кај граѓаните и како пратеници од опозицијата сакајќи да употребиме надзорната улога на Собранието да ги контролира државните институции побаравме седница на комисија за одбрана и безбедност, за министерот да реферира за преземените мерки и активност од страна на МВР во делот на справување со оваа закана, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека од Спасовски било побарано да се види дали МВР има одредени проблеми и доволно капацитет во справување со оваа ситуација и како Собранието може да поогне за да може да се намали паниката во јавноста, но се што направи власта е да го класифицира како државна тајна,.

- Министерот кој по закон има можност да класифицира информација како државна тајна ја употребил таа можност и информацијата до пратениците ја класифицирал како државна тајна, рече тој.

Петрушевски посочи дека исто било побарано и Спасовски да одговори и за системските  недостатоци како партизацијата на МВР; како е можно кадри да бидат апсени за шверц на дрога, за поткуп, јавноста заслужува да ги добие сите одговори.

- Кој ќе беше ефектот ако тоа се зборуваше пред затворени врати, кога јавноста немаше да може да знае ништо што се дебатира.  Недостасува волја од власта и тоа се гледа со самата класификација и самото затворање на седницата за јавноста. Не беше прифатен нашиот предлог да разговараме за овие теми и од тој момент ние не можеме ништо да зборуваме надвор од тоа што се разговарало. Се работи за затворена седница и законски сме обврзани да молчиме.  Системските пропусти во безбедносниот сектор се во континуитет, бруталната партизација на тој безбедносен сектор не може да овозможи справување со ваквите предизвици, рече Петрушевски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки и нема да застане тука во делот на она што можеме како опозиција да го направи.

„Она што е интерес за граѓаните е тоа сите недостатоци кои се констатирани, а се констатирани и во случајот со Онишченко да бидат навремено корегирани, да има одговорност на носителите на државни функции зошто се дозволиле такви пропусти, затоа што еден пропуст може да биде свесен и да знаат тие носители на јавни функции дека има одреден пропуст кој ќе можат на вакви лица како Онишенко да му дадат пасош, а можеби за тоа може и да добијат некаква финансиска награда. Така што јас не можам да верувам дека случаен е пропустот за една таква активност“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека во случајот со Онишченко нема одговорност. Директорот Димовски не поднесе одговорност, него му заврши мандатот и не прифати никаква одговорност и во самата негова изјава. Веќе го предложија и за амбасадор во Франција, каде тој дури и награда доби за тоа што има системски пропуст во неговата функција.

„Ние мора овој трул систем да го ресетираме, да ги ставиме вистинските луѓе на вистинските места. Да ги направиме процедурите да бидат во интерес на граѓаните, во интерес на државата, а не во интерес на властодржците кои таквите процедури ќе ги злоупотребуваат за да можат да избегнат одговорност како што е случајот со денешните собраниски актуелни комисии кои се задскриваат од јавноста доставувајќи класифицирани информации“, кажа Петрушевски.

Тој рече дека зарем една грешка треба да ја скриваме со нова грешка. Време е на Македонија да и се случи еден рестарт во овој безбедносен дел, но и генерално.

„Нас ни е неопходно конечно да имаме рестарт на системот кој ќе се случи на предвремени парламентарни избори. Доколку Ковачевски не сака да го разреши Спасовски за сите скандали кои изминатиот период протекуваат од МВР многу скоро Спасовски  и Ковачевски ќе ги разреши народот на предвремени парламентарни избори“, дециден е Петрушевски.

27.12.2022 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега