Пешевска: Собранието е нефункционално зошто СДСМ не сфаќа дека е на власт и го крши Деловникот при изборот на уставни судии

СДСМ не сфаќа дека шеста година е на власт. Комисијата за избори и именувања не закажуваше седници, а ние конструктивно работиме, рече Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

„Деловнички треба да се разгледаат сите кандидати за уставни судии ако се под една точка, а не да се двојат по желба на претседателката на Комисијата и затоа таа треба да одговара. Да беше одговорна претседателката на Комисијата ќе дадеше образложение барем за сработеното во Собранието, а не само тоа, таа не беше воопшто присутна“, рече Пешевска.

Недозволиво е, вели Пешевска, единствен критериум за уставен судија да е тој дека треба да биде истакнат правник, нешто што може широко да се толкува. И тоа е недозволиво.

Пешевска се осврна и на предлотот за измени на законот за невладини организации и граѓански здруженија. Таа посочи дека Владата не реагира ништо за спорните здруженија и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага да може истиот да важи ретоактивно. 

„За отворените здрженија има низа на реакции, дури и меѓународно и мора да има соодветна реакција и во земјава“, посочи Пешевска.

Пратеничката поасочи дека СДСМ сега сака да направи политички дефокус со искривување на тези за да го сокрие фактот дека се со скршена политичка кичма пред Бугарија и по цена на отворање на клубови кои промовираат фашизам.

Пратеничката ја коментираше и работата на Собранието.

„Нивото на дебата е многу ниско, иако имало и некои светли точки. Но, нашата активна блокада е поради злоупотреба на европско знаменце, немаше пратенички прашања девет месеци или поради неодговорното однесување на мнозинството“, рече Пешевска.

19.10.2022 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега