Тешко повреден малолетник- изгубил контрола и паднал од мопед во Неготино

 

Малолетник управувајќи со мотор изгубил контрола и паднал на коловосот по што бил пренесен во болница со тешки повреди во Неготино.

„На 16.05.2020 во 13.00 часот на ул.„Димче Мирчев“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи мопед, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и   паднал на коловозот. По незгодата, малолетникот бил пренесен во Здравствен дом Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.“ соопштуваат од полиција.

Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега