Повредено 12-годишно девојче во Велес: Возејќи велосипед паднала, па со тешки повреди била пренесена во болница

 

Дванаесетгодишно девојче од Велес управувајќи со велосипед, паднала на коловозот и се повредила, по што била пренесена во болница со тешки телесни повреди.

„На 15.05.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во Велес, на раскрсницата од ул.„Кумановска“ и ул.„Наум Наумовски“, 12-годишничка од Велес, управувајќи велосипед паднала на коловозот.

По незгодата, таа била пренесена во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди“ велат од полиција.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега