Османи: Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари видео-конференциска средба со Министерката за Европа на Република Австрија, Каролине Едштадлер.

На почетокот на средбата Вицепремиерот Османи ја искористи приликата да и се заблагодари на министерката Едштадлер за нејзината лична подршка и за подршката на Владата на Република Австрија, што во пандемиски услови кога сите беа фокусирани на настанатата криза, тие силно ја подржаа одлуката за започнување на преговори на Македонија со ЕУ. Воедно Османи и изрази благодраност и за подршката во борбата против КОВИД-19, потенцирајќи дека само со заендични сили можеме успешно да се справиме со настанатата криза.

Министерката Едштадлер истакна дека Р. Австрија ја гледа нашата земја и земјите од ЗБ како дел од семејството на ЕУ и дека и понатаму ќе продолжат со силна подршка, при што го спомна и новиот пакет подршка од ЕУ во износ од 3.3 милијарди евра, предвиден за најава на претстојниот Самит во Загреб.

Меѓу другото соговорниците дискутираа околу очекувањата од претстојниот Самит „ЕУ-Западен Балкан“ што ќе се одржи во Загреб на 6 мај, околу Преговарачката рамка и Извештајот за напредокот што ЕК треба да го објави на почетокот на наредниот месец.

За време на видео средбата  Вицепремиерот Османи во однос на преговарачката рамка која се очекува да биде презентирана од страна на Европската комисија на почетокот на јуни потенцираше дека таа се смета за најважен документ и треба внимателно посветување на утврдените позиции на земјите членки како и усогласување на истите со нашата земја со цел во иднина да имаме лесен и непречен тек на преговорите.

"Во периодот кој ни претстои треба посветено да продолжиме да работиме и лобираме, со цел преговарачката рамка да биде поволна за сите, бидејќи во моментот кога истата ќе биде усогласи веќе нема простор за менување на правилата" -додаде Османи.

За време на разговорот соговорниците заеднички се согласија дека претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан претставува исклучителна прилика и можност за лидерите од регионот и ЕУ  да ги зајакнат своите односи и да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега