Пожар избувна во куќа во Скопје - жена со тешки повреди однесена во болница

 

МВР соопшти дека вчера во 14:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Наум Охридски“ со телесни повреди била донесена 83-годишната З.А. од Скопје.

На местото на настанот излегле полициски службеници кои констатирале дека на ул.„Катлановска“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на З.А., при што бил  опожарен дел од инвентарот од кујната и дневната соба. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега