Момче со повреда од остар предмет донесено во Градската болница во Скопје

 

Момче се здобило со тешки повреди откако било нападнато со нож од скопјанец, информира полицијата.

-Вчера во 18:39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Наум Охридски“ бил донесен 28-годишниот Р.А. од село Арачиново, скопско, со повреда од остар предмет, при што му била констатирана тешка телесна повреда. На местото на настанот излегле полициски службеници кои констатирале дека во атар на село Брњарци, Р.А. бил нападнат со нож од Ј.Е. од село Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесо - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега