Во Трубарево пронајдена голема количина дрога

Основното јавно обвинителство од Скопје поведе истрага за скопјанец кај кого била пронајдена поголема количина дрога.

-Осомничениот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него било пронајдено поголемо количество наркотична дрога и психотропни супстанции. Имено, полициските службеници од осомничениот одзеле 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA),  стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Освен ова, кај него биле пронајдени 74 грама кокаин, како и 758 грама марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции, велат од ОЈО.

 

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице,  поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега