Семејна драма во Скопје: Им го пресекол патот со автомобил на своите браќа, па им се заканил дека ќе ги убие

 

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16:00 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, 43-годишниот С.С. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот додека заедно  со неговиот брат И.С се движеле со неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, по обиколница од Скопје кон Тетово, во близина на клучка „Радишани“, пред да се исклучат, патот им го пресекол,  патничко моторно возило марка „мерцедес“, црна боја, со непознати регистарски ознаки.

Кога возачот на „мерцедесот“ го отворил прозорот, пријавителот видел дека тоа е неговиот брат Е.С. кој бил заедно со неговиот син, кој му упатил  вербална закана по неговиот и животот  на неговото семејство. Истовремено  Е.С им се заканил на двајцата браќа со вперен  пиштол кон возилото во кое биле С.С. и И.С. по што пријавителот и  сопатникот се исплашиле и побегнале од местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2020 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега