Тешка сообраќајка во Скопје - маж со Брза помош однесен на Ургентен

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал сообраќајна несреќа во Скопје, соопшти МВР.

-Вчера во 18:50 часот на крстосница од ул. „Козле“, ул. “Васил Ѓоргов“ и ул. „Загребска“ случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка  „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.З (34) од Скопје и мотор “пијаџо“ управуван од И.Ч (46) од  Скопје. Од незгодата со повреди се здобил  И.Ч кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при комплексот клиники Мајка Тереза каде од страна на лекар  му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега