Тепачка меѓу двајца затвореници во полициска станица во Куманово

 

Тепачка меѓу двајца затвореници се случила вчера во Куманово, информира МВР.

-Вчера во 22:40 часот во Полициска станица Куманово, вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С.С.(30) од с.Ропаљце – Липково и М.М.(25) од Куманово, пo што С.С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега