Почина пациентка од Струга која не е дијагностицирана со Ковид-19, но се чекаат резултати поради сличноста на симптомите

Девет пациенти се испишани поради два последователни негативни тестови, осум од тие се од Дебар, еден е од Скопје, информираше денеска на прес-конференција Министерот Венко Филипче.

Во текот на изминатиот ден има уште еден смртен случај.

-За жал имаме уште еден смртен случај. Тоа е 79-годишен пациент од Дебар којшто е дијагностициран на 23 март, хоспитализиран на 25 март. Пациент којшто има коморбилитети, рече Филипче.

Дијагностицирани се 26 нови случаи, со што вкупната бројка во овој момент е 285. Филипче рече дека осум нови пациенти се хоспитализирани во инфективната клиника во Скопје, со што вкупниот број таму е 47.

Според Филипче во стабилна здравствена состојба се сите хоспитализирани пациенти надвор од Скопје.

Почината е и една пациентка во Струга за која дополнително ќе се испитува дали имала Ковид-19.

-Има една почината пациентка во општата болница во Струга којашто е донесена поради потешкотии во дишењето. Имала претходно, хронична респираторна болест. Направен е обид за реанимација, за жал пациентката е почината, но таа не е дијагностицирана со Ковид вирусот. Но, со оглед на сличноста на клиничката слика на оваа болест непосредно по смртта е земен брис и ги чекаме резултатите. Кога ќе бидат подготвени ќе ја известиме јавноста, рече Филипче.

Охридската болница доби нов директор. Станува збор за хирургот Горан Балевски.Во болницата се прават анализи дали има пропусти во целокупниот процес со починатата пациентка од Струга кај која Ковид беше дијагностициран откако таа почина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега