Чулев: НАТО е историски момент за Македонија

Техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев на својот фејсбук профил на сите македонски граѓани им честиташе за влезот во НАТО.

„Денес кога и официјално стануваме 30та земја членка на НАТО, би сакал да им честитам на сите македонски граѓани за овој историски момент.

Копнежот за членство во најмоќната воена алијанса уште од самата независност на нашата земја беше идеја која недвосмислмено беше потврдена од речиси сите политичари во изминатите години.

Оттогаш до денес десетина министри за надворешни работи и одбрана како и останатите членови на сите македонски влади се вградија во мозаикот наречен членство на Македонија во НАТО.

Лично јас како директор на службата имав десетици службени обврски од повеќегодишни Национални акциски планови за пристапување кон НАТО, а денес сум посебно горд што ја предводам една од клучните институции во државата кога е во прашање интеграцијата и членството во алијансата.

Денес најгорди од сите ќе беа нашите драги Љупчо Сталевски кој ја вршеше функцијата помошник-директор за НАТО соработка при МВР и Ристо Галевски, помошник-министер за меѓународна соработка кои за жал, со прераната смрт, не го дочекаа овој толку посакуван за нив и за сите нас историски момент за нашата држава.

Нека ни е со среќа #МкВоНАТО“ напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега