Институт за тарнсфузиона медицина известува: Имаме стабилни резерви на крв

Институт за тарнсфузиона медицина соопшти дека располага со задоволителни количества на крвни продукти.Заедно со Црвен Крст на РСМ направена е стратегија, план и распоред на крводарителски акции за следната недела која ќе биде објавена на 22.03.2020, и секако доколку има потреба ќе се промени врз основа на епидемиолошката анкета  како превентивна заштитна мерка за ширење на COVID-19.

Од институтот испраќаат молба до сите крводарители да ги следат следните препораки и да не даруваат крв ако:

-Во последните 28 дена сте патувале надвор од Македонија

-Имате симптоми на настинка, кашлате или кивате

-Имате покачена телесна температура

-Малаксаност или отежнато дишење

-Сте биле во контакт со некој кој патувал или лице со гореспоменатите симптоми

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега