ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче

Државната изборна комисија на денешната 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието.

Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:

1 – Демократска партија на Албанците – ДПА

2 – Политичка партија Демократи

3 – СДСМ и Коалицијата Можеме

4 – Левица

5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива

6 – Глас за Македонија

7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ

8 – Интегра

9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ

10 – Социјалдемократската унија – СДУ

11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија

12 – МОРО работничка партија

13 – Народна партија на Ромите

14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија

Од ДИК нагласија дека ова е нивна законска обврска и дека ќе работат се додека не биде одлучено поинаку.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека поради прогласената вонредна состојба од претседателот на државата за справување со пандемијата на вирусот Ковид 19, Владата ќе треба да донесе одредени одлуки.

–  Ние ќе ги следимие тие одлуки. Се надевам дека во текот на денешниот ден ќе се случи тоа и во текот на утрешниот ден ќе преземеме дополнителни чекори со што на некој начин би завршил овој процес до тука, а за понатаму ќе видиме како ќе се развива ситуацијата и како ќе се надминува состојбата со пандемијата, така ќе се однесуваме сите ние, изјави Дерковски.

Претседателот на ДИК информираше дека сите листи биле комплетни и навремено поднесени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега