Пет нови случаи на коронавирус

Пет нови случаи со коронавирус се регистирани во земјава, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Уште две лица се позитивни, но биле тестирани на приватна клиника, и утре ќе се повторат нивните тестови на државна лабораторија.

Станува збор четворица од Дебар и 54- годишна повратничка од Холандија е позитивна на коронавирусот. Таа се вратила дома ноќта помеѓу 12 и 13 март.

Жената развила симптоми вчера и денеска било јавено на Клиниката за инфективни болести.

-Најдени се сите контакти од семејството. Таа била во домашна самоизолација, според нејзиното кажување и анкетата на епидемиолозите. Контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито кое ја возело од аеродром до дома, а во овој момент се контактираат 31 лице кои се вратиле со авионот од Виена, рече Филипче, додавајќи дека нејзината здравствена состојба е добра.

Со ова бројка на хоспитализирани лица на Инфективна кои се позитивни на коронавирусот е 14.

-Попладнево се тестираа уште 10 други лица. Седум од Дебар, четири со симптоми кои биле во контакт со заболените. И тие се позитивните, другите тројца кои што беа избрани по поширока индикација се негативни, и тројца други пациенти, едниот од ЦЈЗ Прилеп и уште еден од Инфективната клиника и еден од инфективното одделение во Градската општа болница „8 септември“, рече Филипче.

Две лица се пријавиле во клиниката на Жан Митрев, а утре ќе бидат тестирани во државната лабораторија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега