Манастирите Бигорски и Рајчица во изолација

Манастирите Бигорски и Рајчица во изолација, молитвите и литургиите непрестајно се одвиваат, објави Религија.мк

Бигорскиот манастир и Манастирот во Рајчица, двата најпосетувани манастирски центри на МПЦ-ОА, од синоќа практично се затворени за верници, но молитвите и литургиите се одвиваат, а монасите и монахињите ги посветуваат на што поскоро решавање на целата ситуација со коронавирусот.

-Сите сме добри. Нема никаква паника, туку пред се со надеж во Бога и доверба во државните институции, молитвите непрестајно се одвиваат. Се молиме за сите, за спасение. Нема потреба од никаков страв, едноставно да останеме смирени и да ја држиме надежта и да ги охрабриме сите заедно да се молиме за сите, велат монасите за религија.мк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега