Се степале наставник и малолетен ученик во Скопје
Вчера во полиција било пријавено дека дошло до физичка пресметка помеѓу наставник и малолетен ученик во Скопје.
Вчера вечер во 19,00 часот во СВР Скопје, Х.Ф.(43) од Скопје пријавил дека околу 16 часот и 20 минути во училиште на улица Фуштанска во Скопје по претходна расправија дошло до физичка пресметка помеѓу неговиот 15 годишен син и Н.М наставник во училиштето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
27.02.2020 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа