Градежен работник со тешки повреди донесен на Клиника

 

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди на работно место, информира МВР.

- Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен 50-годишниот З.П. од село Јурумлери, скопско, вработен во градежна фирма од Скопје, кој според пријавеното се повредил околу 13:00 часот додека извршувал работни задачи на објект во градба на ул.„Радишанска“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен и трудов инспектор - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега