Малолетник и постара жена нападнати од кучиња скитници во Скопје

 

Кучиња скитници нападнале и каснале две лица од Скопје.

Вчера попладне во 14.20 часот во Полициската станица Карпош, А.Г.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ нејзиниот 15-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Вториот случај бил регистриран скоро еден час подоцна во 15 часот и 15 минути во Полициската станица Центар, М.Н.(60) од Скопје пријавила дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега