Примероците од РДФ отпадот за УСЈЕ не отстапуваат од стандардите

 Резултатите од испитувањето на РДФ отпадот наменет за УСЈЕ, кои беа испратени на испитување во Естонија покажале дека нема отстапување од ЕУ стандардите, дознава Телма.

Пред десетина дена, четири од 16 камиони со РДФ отпад или така наречен еко-енергенс наменет за Цементарница УСЈЕ беа запрени на граничниот премин Богородица. Инспекторите од животна средина земаа примероци од дел од камионите, кои ги испратија на испитување во Скопје и во Естонија.

Во државата РДФ отпад за горење увезува и користи само Усје, лани увезле над 4 илјади тона главно од Италија. Транспортот на РДФ се врши секој вторник, од Италија се носи со брод до Солун, а потоа со камиони се префрла до Усје. РДФ отпадот е алтернативно гориво кое содржи биоразградливи елементи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега