Ново рочиште за „Рекет“: Адвокатите на Боки 13 бараат да биде пратен во болница

Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за случајот „Рекет“. Сведоци не се предвидени туку ќе се продолжи со изведување на материјални докази.

Вчера беше презентирана комуникација помеѓу Бојан Јовановски со Катица Јанева, Панделевски, Камчев и со Ременски. Се презентираа и сметките од шопингот во Милан на кој потрошил 148.000 евра.

Адвокатите на Боки, но и самиот тој доставија документација дека боледува од рак на желудник и оти треба да оди на операција, но засега нема одлука тој да биде хоспитализиран.

Адвокатот Сашо Дукоски, по завршувањето на вчерашното судење за случајот „Рекет“ рече дека неговиот клиент има рак на желудникот и тој ќе бара преиспитување на мерката ефективен притвор и замена на таа мерка.

 „Дијагнозата како што гледате е издадена пред два дена од Градската општа болница ‘8 септември’. За анализа се земени осум парчиња и утврден е карциом, односно рак на желудникот. Се очекува повторно утврдување на оваа фактичка состојба, но ова докажува во каква здравствена состојба се наоѓа Јовановски. Обвинетиот, видовте и денес, не е во состојба да го следи судењето. Човек кој постојано повраќа крв и не е во состојба да го прати судењето, не може да се одвива фер судење. Затоа ќе се бара преиспитување на мерката ефективен притвор и замена на таа мерка“, рече Дукоски.

Инаку, од медицинската документација што ја приложи Дукоски, може да се прочита дека станува збор за дијагноза К25, што значи хроничен улкус (чир), но во документот стои дека постои сомнеж за малигнитет.

„Моментално е во полоша клиничка состојба, со болки, гадење и чести повраќања“, стои во извештајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега