Гореше тераса од куќа во Црешево- маж со изгореници пренесен на Клиника

Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Црешево, скопско, настанал пожар на тераса од куќата сопственост на П.Б.(80), при што бил опожарен дел од фасадата.

Од пожарот П.Б. се здобил со изгореници и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега