Владата ќе потпише договор за првите два километри на автопатот Скопје- Блаце

 Во Владата на Република Македонија денеска ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце.

Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски.

На настанот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега