Нова препрека меѓу Чулев и Петровска- битка за возила во врвот на МВР

Техничкиот министер Наќе Чулев со телегарама си ги бара да се вратат во дворот на МВР возилата кои неговиот претходник Спасовски ги распоредил на други институци.

Тој обвини  за несоодветно користење 35 автомобили и џипови.  Дополнителната министерка Славјанка Петровска вели нема ништо незаконско или ново, возилата биле ноопходни и не го разбира однесувањето на Чулев.

-Дел од возилата кои ги бара техничкиот министер се кај премиерот за потребите на обезбедувањето, според процедируте но и согласно степенот за обезбедување. Не може да повлечете возила од кај премиер или од кај претседател за потребите на советниците во кабинетот. Доколку има непрописно користење на возилата треба да се пријави во внатрешна контрола. Ова е скандалозно непознавање на прописите, вели за Телма  Петровска.

-Симптоматично е тоа што последните денови пред да си замние Спасовски биле распределни возилата по други институции. Од 2000 возила во министерстовто вработените во мојот кабинет се оставени без возила и не може да функционира. Возилата што ги бараме, владата не се користат за обезбедување на премиерот туку за други намени. Не би си дозволил да барам такви возила, вели Чулев.

Со телеграмата Чулев барал и Петровска да го врати возилото но денеска вели станувало збор за превид и во тој дел се повлекува. Но не можат да се усогласат за прв човек на скопската полиција. Техничкиот министер најавува дека во понеделник ќе побара помош од ДИК како надлежен орган да го расисти ова несогласување со Петровска која не става потпис на решението за Ристе Ставревски  чиј глас се слушаше во судниците за Тенк и Титаник, во првиот предмет како сведок во другиот низ звукот на бомбите како соговорник и соработник на Јнакуловска. Ова беше и една од темите за кои се судрија париите кои ги предложија Петровска и Чулев.

-Тој е професионалец, тој го поседува сеуште и сертификатот за доверливи информации  кој што е издаден во периодот додека бил претходниот министер, Оливер Спасовски и од она што сакам да го потенцирам е дека против господинот Ристе Ставревски не се води ниту една постапка, нема никакво обвинение и воопшто не се водело обвинение, рече Димче Арсовски од Вмро Дпмне

-Човек кој бил десна рака на Јанкуловска, а потоа го бранел криминалот на Груевски, не може да раководи со СВР Скопје – еден од најважните сегменти на МВР. Ваквите предлози уште еднаш потврдуваат дека Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се уште се во матрицата на ВМРО-МВРО, матрица на партизирана и злоупотребена полиција.Снежана Калевска Ванчевска од СДСМ

ВМРО ДПМНЕ обвини и дека службените возила на МВР, што ги бара Чулев назад, се користеле за приватни цели. СДСМ пак со став дека на Чулев најважни му се колите а не безбедноста.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровки пак велат дека не знаат кој е мотивот за ваквото барање.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамките на МВР во кој се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР“, велат од кабинетот за претседателот за Локално.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега