Од 1.000 на 300евра се намалува максималната награда за извршителите

Од 1.000 на 300 евра, ќе се намали максималната награда за извршителот, која можат да ја наплатат при извршување од сметките на граѓаните, напиша денес на својот Фејсбук  профил, директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Според него,  Министерството за правда сите измени кои ги подготвува најверојатно ќе бидат готови до крајот на неделава и по итна постапка ќе одат на усвојување во Собранието. Ќе има и опција за отпис на камати и репрограмирање на долгот кај граѓаните. Дури се размислува и за тоа максималната сума при извршување од сметка на граѓаните да се намали на една петина од сегашната една третина од приходот.

На прашање од Локално до министерката за правда, Рената Дескоска за коментар, таа изјави дека до крајот на неделата ќе се знаат конкретните мерки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега