Трајковски бил претепан - Не дојде на судењето за ТНТ

Поранешниот градоначалник Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ, утринава не се појави на судското рочиште, бидејќи, како што посочи неговиот адвокат, синоќа бил претепан и се наоѓа во болница.

Адвокатот дополни дека утринава во 6.30 часот бил да го посети, и од врата видел дека има хематом на главата и видливи повреди, додека од друга страна судијата Огнен Ставрев, пак, рече дека се јавил на докторот во Ургентно, кој му кажал дека Трајковски е во добра состојба и е на пат кон дома.

Според него Трајковски има рок од еден час да се појави.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега