Детектор: Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека паралелките имаат премалку ученици

Секој трет граѓанин смета дека паралелките во основното и во средното училиште имаат премалку ученици. Според последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 34,6% од анкетираните сметаат дека одделенијата и класовите имаат премал број на ученици. 29,7% сметаат дека нивниот број е соодветен, додека 19,1% се на став дека паралелките имаат премногу ученици. 16,7% од анектираните рекле дека немаат одговор на ова прашање.

Интересна е анализата на податоците според етничката структура на анкетираните граѓани. Таа покажува значителни разлики меѓу перцепциите на граѓаните од македонска и албанска етничка припадност. 

Додека само 11,4% етнички Македонци сметаат дека во паралелките има премногу ученици, ваков став имаат дури 44,9% етнички Албанци. Спротивно на ова, само 11,8% Албанци се на став дека во паралелките има премалку ученици за разлика од 42,1% етнички Македонци кои имаат ваков став.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот меѓу 16 и 19 ноември годинава врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега