Наумовска: Кембриџ програмата која ја воведе ВМРО-ДПМНЕ донесе хаос во образованието

Кембриџ програмата која ја воведе претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ направи вистински хаос во образованието и ги заглави училиштата во долгови, обвини во Детектор заменик министерката за образование Елизабета Наумовска. Таа тврди дека учениците кои сега покажуваат слаби резултати на ПИСА тестирањето поради Кембриџ програмата не успеале да го развијат критичкото размислување.

„Овие ученици кои се тестираат во ПИСА се ученици на 15 годишна возраст, ученици од прва година средно образование. Тие претходните знаења ги добивале од основно училиште кое за жал со програмата Кембриџ и сите образовни реформи кои ги преземала партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која 11 години беше на власт, очигледно не успеала кај овие ученици да го разбуди интересот за критичко размислување, бидејќи тестовите ПИСА бараат критичко размислување на учениците а не строго меморирање на податоците како што го бараше екстерното тестирање“ – вели Наумовска за Детектор.

Таа признава дека и по промената на власта се уште сме далеку од тоа да можеме да кажеме дека нашите ученици учат во квалитетен образовен систем. Наумовска вели дека реформите во образованието се долготраен процес и дека тие не може да дадат резултати на краток рок.

Таа им порача и на наставниците дополнително да ги мотивираат учениците за да вложат труд на ПИСА тестирањето а не да предаваат празни тестови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега