Заев и Јан Коп на НАТО караван на Филозофски факултет

Премиерот Зоран Заев заедно со амбасадорот на Кралство Холандија Дирк Јан Коп ќе учествуваат на НАТО караванот и дебата со студенти од УКИМ на тема „Патот до членството во НАТО: од изолирана до интегрирана земја“.

Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идејата е и преку настанот да се рекапитулира целиот процес на интеграција во НАТО, давајќи посебен акцент на предизвиците и препреките кои се надминаа во текот на целиот интегративен процес. Истовремено настанот ќе им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега