Стерјовски од градоначалникот на Кукс побара подобри услови за живот за Македоците во Гора

 Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, заедно со потпретседателот на партијата за областа Гора, Сокол Докле престојуваа во северниот град Кукс и селото Борје, област Гора, населена со Македонци.

-На средбата со градоначалникот Сафет Ѓици разговаравме за состојбата во областа Гора населена со македонско население, која административно потпаѓа под општина Кукс. Од градоначалникот Ѓици побарав општина Кукс да се ангажира за подобрување на условите за живот во областа Гора, со конкретни инвестиции во патната инфраструктура, водовод и канализација, електричната енергија. Посебно го акцентрав прашањето за вклучување на Македонците од областа Гора во администрацијата на општина Кукс, изјави Васил Стерјовски за МИА.

Стерјовски и Докле оствариле средби со жители на селото Борје со цел одблиску да ги слушнат нивните проблеми.

-Ги чувме проблемите со кои се соочуваат жителите на Борје, едно од девете села од областа Гора, со цел како партија која се грижи за македонската заедница во Албанија, нивните проблеми да ги покрениме пред албанските институции, посочи Стерјовски.

Во селото Борје ја посетиле и деветолетката, во која настава следат околу 180 ученци, и од страна на директорот Невруз Мехмети биле запознати со образовниот процес во ова училиште и потребата од реконструкција на училишниот објект.

Во областа Гора распослани се девет села во кои живеат околу девет илјади Македонци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега