МОН е подготвено да ги спроведе препораките од Венеција за преведувачите

Министерството за образование е подготвено да ги прифати препораките на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците од областа на образованието, со цел да обезбеди квалитетен кадар на лингвисти. Ова го тврди министерот Арбер Адеми. Комисијата препорача двојазични и повеќејазични методологии на настава, а не етничка поделба.

„Ние сме подготвени и имаме капацитет да ја исполниме оваа препорака и тоа се всушност и наши заложби и определби за подобрување на квалитетот на образовниот систем, било преку учење на јазиците на сите заедници во земјава и учениците и училиштата да не се делат врз етничка основа“-Арбер Адеми, Министер за образование.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега