Камчев: Катица ми рече среди со Боки тоа што си почнал, но не сакаше ни да чуе за сума помала од 1 милион евра

Бизнисменот Орце Камчев на денешното рочиште за случајот „Рекет“ пред судот соопшти дека првообвинетиот Бојан Јовановски му ветил дека третообвинетата Катица Јанева и специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова ќе му помогнат во отворениот случај против него.

Обвинителката Стефанова го води случајот „Империја“, каде десетици фирми се дел од истрагата за случајот, во која главни осомничени се токму Камчев и Сашо Мијалков.

– Одлучив да му го исплатам милионот кој ми го побара Боки 13, за кој ми вршеа голем притисок. Тој ми вети дека Катица (Јанева) се ќе среди заедно со обвинителката Лиле (Стефанова). Катица ми кажа, тоа што го договараш со Бојан (Јовановски) да го завршиш, изјави Камчев.

Тој потоа изјави дека случајот го пријавил кај премиерот Зоран Заев.

– Одлучив да пријавам кај премиерот. На средбата му кажав се. Тој беше запрепастен. Имавме и втора средба. Каде му покажав докази. Ми рече да му оставам неколку дена. После ми се јави и ми кажа сите докази да ги носам кај Рускоска. И така направив, додаде тој.

Тој сведочеше и дека Јовановски му кажал дека треба да даде милион евра и дека Јанева не сакала да слушне за каква била сума под милион зашто за да се ослободи од обвиненијата, вкупната сума била осум милиони евра, и дека во првиот наврат треба да плати милион.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа во вторникот, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега